Македонски инвеститор ќе гради хотел во Горица

Bez autora
Nov 04 2010

Атрактивното земјиште во комплексот Горица, за кое Владата три години очајно се обидуваше да најде инвеститор, се продаде на јавно наддавање. Не толку познатата скопска фирма Каса градба", која треба да изгради хотел со 5 ѕвезди, земјиштето го купи за цена од 23.817 евра. Македонска компанија сега е сопственик на едно од најпривлечните места во Охрид, кое сега се продаде за 1,5 евра за квадрат. Според условите во договорот Каса градба" во рок од 15 дена треба да ги уплати парите за продажбата и да достави банкарска гаранција од 200.000 евраа, со што ќе гарантира дека објектот ќе биде изграден во предвидениот рок од 6 години. Општината, пак, во рок од 9 месеци треба да му го издаде одобрението за градење. Според него со изградбата на хотел добиваат сите граѓани на Охрид, а цената од едно евро по квадратен метар немало да ја намали вредноста на земјиштето во градот.

Македонски инвеститор ќе гради хотел во ГорицаАтрактивното земјиште во комплексот Горица, за кое Владата три години очајно се обидуваше да најде инвеститор, се продаде на јавно наддавање.

Не толку познатата скопска фирма Каса градба", која треба да изгради хотел со 5 ѕвезди, земјиштето го купи за цена од 23.817 евра. Македонска компанија сега е сопственик на едно од најпривлечните места во Охрид, кое сега се продаде за 1,5 евра за квадрат. Според условите во договорот Каса градба" во рок од 15 дена треба да ги уплати парите за продажбата и да достави банкарска гаранција од 200.000 евраа, со што ќе гарантира дека објектот ќе биде изграден во предвидениот рок од 6 години. Општината, пак, во рок од 9 месеци треба да му го издаде одобрението за градење.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, задоволен што конечно оваа локација се продаде и тоа на македонска фирма. Тој рече дека продажбата била успешна затоа што министерот Миле Јанакиески ги послушал неговите совети.

- Мене ме радува што е македонска фирма затоа што јас најмногу верувам во македонските инвеститори кои според мене треба да имаат предност - вели Петрески.

Според него со изградбата на хотел добиваат сите граѓани на Охрид, а цената од едно евро по квадратен метар немало да ја намали вредноста на земјиштето во градот.

- Вредноста на земјиштето ја намалува општата криза која е присутна секаде во светов па и во Македонија - смета Петрески.

Инаку, пред три години за ова земјиште беше заинтересиран брендот во хотелиерството Хилтон", но подоцна се премислија. Со тоа пропадна инвестиција која се проценуваше на околу 25 милиони евра. Интерес постоеше и кај реномираниот Соравија", но и тие се откажаа од намерата за изградба на луксузен хотел на овој дел од источното крајбрежје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik